Национален гарантен фонд за повеќе европски пари

Bez autora
Dec 20 2011

Стопанската комора на Македонија бара од Владата да формира национален гарантен фонд за поддршка на фирмите при аплицирањето за европските програми за бизнис секторот. Исто така, се бара од Македонската банка за поддршка на развојот - МБПР што поскоро да ги потпише договорите со Европскиот инвестиционен фонд за достапност на средства за циклусот 2013-2020 година. Според Комората, ова е неопходно за да се подобри користењето на европската помош и средства, која сега се сведува на само еден проект, спроведен преку Министерството за економија. Од ЦИП проектот на Европската комисија за периодот 2007-2013 година, вреден вкупно 3,6 милијарди евра, досега македонски фирми користеле пари само за проектот за општествена одговорност, спроведен од Министерството за финансии. За прв пат годинава пет македонски мали и средни претпријатија поднеле апликации за потпроектот за конкурентност и иновативност.

Национален гарантен фонд за повеќе европски париСтопанската комора на Македонија бара од Владата да формира национален гарантен фонд за поддршка на фирмите при аплицирањето за европските програми за бизнис секторот.

Исто така, се бара од Македонската банка за поддршка на развојот - МБПР што поскоро да ги потпише договорите со Европскиот инвестиционен фонд за достапност на средства за циклусот 2013-2020 година. Според Комората, ова е неопходно за да се подобри користењето на европската помош и средства, која сега се сведува на само еден проект, спроведен преку Министерството за економија.

Од ЦИП проектот на Европската комисија за периодот 2007-2013 година, вреден вкупно 3,6 милијарди евра, досега македонски фирми користеле пари само за проектот за општествена одговорност, спроведен од Министерството за финансии. За прв пат годинава пет македонски мали и средни претпријатија поднеле апликации за потпроектот за конкурентност и иновативност. Кои се фирмите ќе се знае на крајот на јануари кога ќе се одобруваат грантовите, а засега е познато дека има проекти за рециклирање вода во индустриски објект и за воведување еко стандарди во прехранбена индустрија.

Овој финансиски инструмент на Европската комисија има за цел да им помогне на фирмите во развојот, од почнување на бизнис до воведување високи технологии. Формирањето национален гарантен фонд е потребно за да им се помогне на фирмите во делот на средствата за кофинансирање, зашто половина од програмите на ЕК бараат и вложување на сопствени средства. За следниот циклус на ЦИП програмата преименувана во КОСМЕ, кој почнува во 2013, а завршува во 2020 година Европската комисија определила вкупен фонд од 2,5 милијарди евра. Карактеристично за КОСМЕ е што акцентот се става на финансиските инструменти, за кои се предвидени 1,4 милијарди евра. Барањата на Комората упатени до Владата и до МБПР произлегуваат од анализа на состојбите со искористеноста на европските средства наменети за бизнисот, во земјите од регионот, вклучувајќи ја и Словенија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik